Лидл ќе има и во скопски Карпош

Германскиот синџир на маркети Лидл ќе има маркет и во скопски Карпош.

Според информации на еМагазин, истиот треба да биде на локација во Kриви дол кај Тојота и Stop&Go.

еМагазин периодов пишуваше дека Лидл планира маркети, од кои дел се веќе во изградба и во Скопје, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Кичево, Охрид, Битола (каде едниот е готов), Велес, Куманово, каде и се гради логистичко-дистрибутивниот центар на компанијата…

Засега се уште нема официјална информација кога ќе бидат отворени првите маркети, а познато е дека ланецот има стратегија да отвори повеќе истовремено.

Неофицијално можно е првите маркети да бидат отворени во октомври годинава или следната година.

Фото: Лидл

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести