Фирмата Линк Медиа Плус ДООЕЛ Скопје, која и претходно го украсувала новогодишно Скопје, го доби тендерот и за оваа година.
Таа била единствената фирма која се пријавила на тендерот за украсување на централното градско подрачје и на поголемите булевари, а за тоа треба да добие 3.260.000 денари или околу 53.000 евра.
Договорот ќе биде потпишан откако фирмата ќе достави банкарска гаранција.
Истата фирма годинава ги украси и скопската општина Центар и Штип.
Засега не е познато кој ќе настапува во рамки на новогодишната програма и кога ќе се започне со украсувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Велес новогодишно украсен
(Галерија) Штип новогодишно украсен
(Галерија) Крива Паланка во новогодишно руво
Фото: Град Скопје













