“Луфтханза“ ги прекинува летовите од Скопје до Франкфурт

Спецјализираниот сајт за авијација exyuaviation.com објави дека германскиот превозник „Луфтханза“ ги прекинува летовите од Скопје до Франкфурт, Германија.

Авио компанијата нуди алтернативни врски до Скопје преку Виена, со „Аустријан ерлајнс“ која е исто така дел од Групацијата „Луфтханза“.

“Луфтханза“ почна да лета од Скопје во април 2023 година, а леташе од седум до десет пати неделно, зависно од периодот на годината.

Зимава ги скрати летовите на трипати неделно.

Авио компанијата периодов беше погодена од штрајкови, а војната која ја предизвикаа САД и Израел на Блискиот Исток, што донесе неизвесност за набавка на горивото за авиони – керозин, предизвика бројни авио компании да ги кратат летовите или да ги зголемат цените на авио билетите, а германската авио компанија е една од нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на авионските билети ќе продолжат да растат

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести