Поради кризата на Блискиот Исток, која влезе во четвртата недела, цената на авионските билети почнаа да расте, а поради зголемените трошоци за гориво, геополитички ризици и ограничен капацитет во авиосообраќајот, нивната цена може да продолжи да расте, анализира Фајненшл Тајмс.
Главната причина е растот на цената на нафтата. Авионското гориво учествува со над 20% во трошоците на авиокомпаниите, а месецов неговата цена порасна за повеќе од 50% за само две недели.
Тоа секако директно се прелева во цените на билетите.
Дел од големите авиокомпании како што пренесува Гардијан, ги намалуваат летовите или воведуваат доплати за гориво, додека други директно ги зголемуваат цените.
Дополнителен притисок доаѓа и од промените во рутите. Поради воениот конфликт на Блискиот Исток, летовите се пренасочуваат, што пак ги продолжува патувањата и ја зголемува потрошувачката на гориво. Тоа значи помал капацитет и повисоки цени, посебено за интерконтиненталните линии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата и гасот ќе расте и по војната во Иран
Која храна ќе поскапи поради кризата на Блискиот Исток
Фото: Унсплеш














