Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација (М-НАВ) АД Скопје информира дека денеска успешно ги финализирал преостанатите градежни работи за целосно отстранување на останатите делови од старата радарска станица на Меѓународниот аеродром Скопје.
Активностите се спроведени во услови на магла и намалена прегледност. Овој период бил оптимално искористен за комплетно и безбедно приведување кон крај на зафатите, без никакво влијание врз динамиката на воздушните операции, велат од таму.
-Со оваа фаза се комплетира процесот на демонтажа на стариот и нефункционален радар, што претставува неопходен чекор за следните активности поврзани со поставувањето на нова, модерна радарска опрема, велат од таму.
Фото: М-НАВ














