Соборениот поранешен претседател на Венецуела, Николас Мадуро, за кого пред неколку денови започна судскиот процес во Њујорк, каде беше донесен откако беше киднапиран од САД, во својот одбранбен тим го ангажирал и адвокатот Бари Полак.
Полак е познат како еден од водечките експерт за кривично право и случаи на национална безбедност, а е препознатлив и по тоа што беше адвокат на новинарот и еден од основачите на Викиликс, Џулијан Асанж.
Мадуро се товари за заговор за нaрко-тероризам, заговор за увоз на кокаин, поседување на автоматско оружје и експлозивни направи, како и за здружување со цел незаконско поседување на такво оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тренерките на “Најк“ кои ги носеше Мадуро станаа светска сензација
Не се сум виновен, јас сум претседател на Венецуела, кажа Мадуро пред федералниот американски суд
Кој е Николас Мадуро, кој го зароби САД
Фото: Унсплеш













