Пред неколку дена македонскиот премиер Христијан Мицкоски од македонското Собрание, одговарајќи на пратеничко прашање меѓудругото рече дека нема да направи „ни милиметар“ поместување за уставните измени за да во македонскиот Устав влезат и Бугарите, сè додека во бугарскиот Комитет за малцинства не биде вклучен и Македонец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски чека да види Македонец во бугарскиот Комитет за малцинства
За каков Комитет се работи?
Станува збор за владиното бугарско тело Национален совет за соработка за етнички и интегративни прашања, со кое раководи вицепремиер, објави неодамна samoprasaj.mk.
Иако на последниот попис во Бугарија, во 2021 година, 1.143 лица се запишале како Македонци, нив ги нема во овој Совет.
Бугарија признава само 12 етнички малцинства и шест имгрантски групи. Традционални, формирани до 1878 година – етнички малцинства, меѓу кои на официјалната страна на Советот се набројани поголемите етнички групи: Турци, Роми, Руси, Ерменци, Власи, Каракачани, Грци, Татари, Евреи и малубројни: Срби, Черкези, Албанци и други.
Се спомнува и јазичното малцинство Гагаузи, кои се определувале како Бугари, но зборуваат јазик од турската група на јазици, како и имигрантски групи меѓу кои: Украинци, Пољаци, Виетнамци, Кинези, Германци, Чеси и др.
Македонците не се признаени како малцинство, ниту како традиционално, ниту како имигранти.
Бугарија не признава ниту Помаци, кои се со исламска вероисповед, но зборуваат бугарски јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што бараат бугарските и грчките европратеници да биде вметнато во извештајот на ЕП за Македонија
Фото: Игор Бансколиев