Македонски државјанин на возраст од 80 години починал завчера на плажата Каријанис во близина на грчкиот град Кавала, пренесуваат грчките медиуми.
Тој загубил свест додека бил во морето. Останатите капачи побарале помош, но и покрај укажаната помош тој починал.
Починатиот со возило на Брза помош бил пренесен во Општата болница во Кавала каде што била констатирана смртта.
Фото: Унсплеш