Македонија доби уште 5 години Охридскиот регион да не заврши на Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО

Македонија доби уште пет години од Комитетот за светско наследство на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите Нации – УНЕСКО, за да ги спроведе забелешките на Организацијата, за да Охридскиот регион не заврши на Листата на светско наследство во опасност.

Одлуката е донесена на сесија на УНЕСКО што се одржува во Бусан, Јужна Кореја. За истата „за“ гласале 16 земји од вкупно 21. членка на Комитетот, а е донесена врз основа на потпишаното писмо со обврски и приоритети што ги презела Владата и општините од регионот.

Претходно во нацрт-одлуката на Комитетот се предлагаше природното и културното наследство на Охридскиот регион во Македонија и Албанија, да биде впишано на Листата на светско наследство во опасност, бидејќи напредокот во однос на забелешките на УНЕСКО е недоволен, а заканите се сериозни, и дека главните ризици не биле отстранети.

Природното и културното наследство на Охридскиот регион е прогласено за светско наследство на третата седница на УНЕСКО во 1979 година. Во 2019 година, ова подрачје е проширено за да го вклучи и албанскиот дел од езерото, и со тоа стана меѓудржавно светско наследство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести