Во последните пет години, Македонија од Иран имала увоз од околу 106 милиони долари, додека извозот таму изнесувал 3,1 милиони долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, кои Радио Слободна Европа ги објави во анализа во која медиумот прашува дали земјите од регионот кои тргуваат со Иран ќе добијат 25% царина од САД, како што најави американскиот претседател Доналд Трамп.
Македонија од Иран најчесто увезува прехранбени и хемиски производи, а извезува машини и транспортна опрема.
Моментално американската царина за стоки од Македонија е 15%, а земјава пак целосно ги укина царините за стока од САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија ќе ги укине царините за стоки од САД
Во регионот Иран тргува и со Србија, Босна и Херцеговина и Косово.
Економската размена меѓу Србија и Иран во последните пет години била 267,6 милиони долари, за истиот период во Босна и Херцеговина била увезена стока од Иран во вредност од околу 25 милиони долари, а минатата година вредноста на увозот од Иран во Косово достигнал 19,8 милиони долари, пишува РСЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Празни улици и погреби во Иран, додека се очекува акција од САД
(Видео) Најмалку 2.400 убиени во протестите во Иран, бројката драматично ќе расте
Ниту еден македонски државјанин не побарал помош за евакуација од Иран
Фото: еМагазин













