Откако дел од бугарските медиуми шпекулираа дека македонскиот лекар Ненад Цоневски (28), кој прегази куче во Софија, кое потоа беше еутаназирано, ја напуштил Бугарија, тој вчера со неговиот адвокат сам се пријавил во Третата окружна полициска станица.
Бугарските медиуми пренесуваат дека тој целосно соработувал во врска со истрагата која се отвори по инцидентот.
Му била одобрена кауција од 5.000 лева, а според полицијата, тој бил мирен и кооперативен во станицата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот лекар обвинет дека намерно го прегазил кучето во Софија
Тој претходно беше обвинет за „екстремна суровост кон ‘рбетно животно, што резултирало со сериозни повреди“, а беше и суспендиран и од работното место во Воено-медицинската академија во Софија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот лекар кој прегази куче во Софија, привремено остана без работа
(Вознемирувачко видео) Македонец предизвика бура во Бугарија откако прегази куче во Софија
Фото: Унсплеш














