(Галерија) Отворено „Македонско село“

Од денеска по седум години, повторно е отворен етно-комплексот „Македонско село“.

Со истиот сега ќе управува фирмата „Ла тераца“ за месечна цена од 210.000 денари, следните 15 години.

Комплексот како што е познато се наоѓа на падините на Водно до скопското село Нерезеи, а се состои од 12 автентични македонски куќи со простории каде што се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел.

Комплексот е изграден во 2011 година, а прв концесионер беше „Тинекс“.

Се протега на 12.000 квадратни метри.

Засега со автобус до таму ќе се стигнува потешко, поради ретките автобуски линии.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести