Македонско семејство на 9-месечна патувачка авантура низ 7 земји

Славица Савеска- Кењереш со нејзиниот сопруг и нивните две ќерки (на 4 и 10 години), ќе заминат на 9-месечно семејно патување низ 7 земји, сподели за еМагазин, Савеска- Кењереш.

-Земаме неплатено отсуство од работа, помалата ќерка ја отпишавме од градинка, а постарата ќе ја префрлиме на домашно образование (homeschool), и во октомври тргнуваме на пат.

Оваа авантура ја планираме подолго време – од практични подготовки до големото животно ресетирање што го донесе оваа одлука, вели таа.

Можете да ги следите на нивниот Инстаграм профил: Семејство на пат 🙂

Фото: Фејсбук/Инстаграм/ Савеска- Кењереш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести