„Макфест“ ќе се одржи од 23 до 25. октомври, Фестивалот слави 40 години

Овогодинешново издание на музичкиот фестивал „Макфест„ ќе одржи од 23 до 25. октомври во Штип.

Како што информираа организаторите на првата вечер ќе настапат млади таленти, на втората докажани уметници, а третата вечер е големото финале, на која ќе се прослави 40 години од основањето на Фестивалот, кој за првпат се одржа на 18. октомври 1986 година.

Ќе настапат Питер Џон Босе со „Самба во Штип“, Силви бенд со „Ангели ме носат“, Олгица Христовска, Коки, Владо Јаневски со „Еден бакнеж“, Ристо Самарџиев, деветкратен победник на фестивалот, Пајак и Лара со „Бела“, Јован Јованов со „Магија“, Мики Џафер со „Сонце за три света“ и Сашко Гигов – Гиш со „Моја гитара“.

МТВ ќе врши директен пренос од фестивалот.

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести