Макошпед АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил добивка од 6.665 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 6.129 илјади денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Остварените вкупни приходи за период јануари – јуни 2025 година изнесуваат 20.300 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2024 година бележат зголемување.
Оперативните приходи изнесуваат 13.639 илјади денари и бележат зголемување во однос на оперативните приходи за истиот период 2024 година.
Финансиските приходи изнесуваат 6.661 илјади денари и истите бележат зголемување во однос на финансиските приходи во истиот период во 2024 година.
Вкупните расходи за период јануари – јуни 2025 година во износ од 13.635 илјади денари бележат зголемување во однос на вкупните расходи за истиот период 2024 година.
Оперативните расходи во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 13.632 илјади денари и бележат зголемвуање во однос на истиот период 2024 година.
Финансиските расходи изнесуваат 3 илјади денари и бележат зголемвуање во однос на финансиските расходи за истиот период 2024 година.
Остварените консолидирани вкупни приходи за период јануари – јуни 2025 година изнесуваат 21.393 илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период 2024 година бележат зголемување.
Консолидираните оперативни приходи за период јануари – јуни 2025 година изнесуваат 14.732 илјади денари и бележат намалување во споредба со остварените оперативни приходи за истиот период 2024 година.
Консолидираните финансиски приходи изнесуваат 6.661 илјади денари и бележат зголемување во споредба со остварените финансиски приходи за истиот период 2024 година.
Консолидираните вкупни расходи за период јануари – јуни 2025 година се во износ од 15.264 илјади денари и бележат намалување во однос на вкупните расходи за истиот период 2024 година.
Консолидираните оперативни расходи во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 15.261 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период 2024 година.
Консолидираните финансиски расходи изнесуваат 3 илјади денари и бележат зголемвуање во однос на финансиските расходи за истиот период 2024 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реизбрани членовите на Одборот на директори на Макошпед