Макошпед со добивка во третиот квартал

Макошпед АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварил добивка од 6.541 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 5.992 илјади денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи за период јануари – септевмри 2025 година изнесуваат 28.804 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2024 година бележат намалување.

Оперативните приходи изнесуваат 21.097 илјади денари и бележат зголемување во однос на оперативните приходи за истиот период 2024 година.

Финансиските приходи изнесуваат 7.707 илјади денари и бележат намалување во однос на 2024 година, велат од таму.

Вкупните расходи на Друштвото за овој период се 22.263 илјади денари и истите бележат зголемување во однос на вкупните расходи за истиот период 2024 година.

-Оперативните расходи во периодот јануари – септевмри 2025 година изнесуваат 22.259 илјади денари и бележат зголемување во однос на истиот период  2024 година.

Финансиските расходи изнесуваат 4 илјади денари и бележат зголемување во однос на финансиските расходи за истиот период 2024 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макошпед со добивка во првото полугодие

Реизбрани членовите на Одборот на директори на Макошпед

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести