Марија Јосифовска Спасовска, член на Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје купи 30 обични акции на компанијата, информираа од таму преку Македонската берза.
Таа сега поседува 0,22% од вкупниот број на акции на компанијата.
Акции на Макпетрол купи и Александар Спасовски, претседател на Надзорниот одбор. Тој купи 30 обични акции и сега поседува 0,21% од вкупниот број на акции.
Купувањето на акции од страна на менаџмент на компанија покажува дека тие веруваат во нејзиниот бизнис и перспективи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Членот на НО на Макпетрол, Саша Лекиќ, купи акции на компанијата
Оилко се стекна со нови акции на Макпетрол
Убава вест: 30.000 денари новогодишен надоместок за вработените во Макпетрол














