За фотографијата на поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој е и поранешен премиер и претседател на Македонија, на која е во друштво со носителката на листата за советници на владејачката ЗНАМ во Охрид, Марина Ѓоргоска, коментираше и претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, актуелен градоначалник на Општина Куманово, кој е и кандидат за нов мандат.

Тој за телевизијата Сител меѓудругото рече дека секој има право со кого сака да седи во кафеана, посочувајќи дека дел од луѓето во неговата партија се поранешни членови на СДСМ.
-Црвенковски е еден од основоположниците на СДСМ, јас него го почитувам, сум кажал многу работи. Тој не е во ЗНАМ, ниту пак се има потпишано за мене и за кандидатурата, а кој со кого седи во ресторани, на приватни седенки, тоа е лична работа, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот на Охрид вели оти случајно завршил на иста маса со Бранко Црвенковски
Филипче се дистанцираше од Црвенковски
Бранко Црвенковски предизвика бура, фотографиран во друштво на членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ
Фото: Димитриевски/Фејсбук