Макстил и во вториот квартал од 2026 година со повеќе од 20 пати пониски емисии на цврсти честички

Макстил продолжува со редовно следење и транспарентно објавување на податоците за емисиите на цврсти честички од своите емисиони точки, информираат од компанијата. Со вредности под 1 mg/Nm³,најновите резултати покажуваат дека емисиите се на исклучително ниско ниво во споредба со дозволените гранични вредности.

„Во текот април, мај и јуни 2026 година, мерењата на емисионата точка Оџак од филтер постројка се движат од 0,25 mg/Nm³ во април до 0,87 mg/Nm³ во јуни, што е далеку под максимално дозволената граница од 20 mg/Nm³. Кај емисионата точка Оџак од пескара, каде што пропишаната гранична вредност е 30 mg/Nm³, измерените вредности во периодот април–јуни се движат од 0,8 mg/Nm³ во месец април до 1,02 mg/Nm³ во јуни.

Податоците од вториот квартал ја потврдуваат континуираната ефикасност на системите за контрола на емисиите во Макстил. Измерените резултати јасно покажуваат дека емисиите на цврсти честички се стабилни, контролирани и во целосна усогласеност со важечките еколошки стандарди и утврдените методологии за следење и контрола на емисиите, согласно барањата на Министерството за животна средина и просторно планирање и условите предвидени во А-интегрираната еколошка дозвола.

При оценувањето се земени предвид и релевантните европски гранични вредности за емисии. Ваквиот начин на мерење и обработка на податоците обезбедува сигурни и веродостојни резултати, како и прецизен увид во состојбата со емисиите на цврсти честички од двете емисиони точки и нивната усогласеност со дозволените нивоа,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека редовното следење на емисиите е дел од поширокиот пристап на компанијата кон одговорно работење.

„Макстил останува фокусиран на примена на современи практики, континуирана контрола и мерки што придонесуваат за намалување на влијанието врз животната средина.

Компанијата и понатаму ќе продолжи со транспарентно информирање на јавноста и со активности насочени кон заштита на животната средина, како важен дел од својата долгорочна определба за одржливо работење,“ додаваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести