Девојчето на 11-годишна возраст од струмичко Ново Село, кое беше врзано со јаже околу вратот и рацете од страна на нејзиниот татко и беше снимена за да признае кражба е сместено во згрижувачко семејство, информираа од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За нејзиниот татко откако претходно Министерството за внатрешни работи му поднесе кривична пријава за насилство врз дете, Обвинителството отвори предистражна постапка за запуштање и малтретирање на дете.
За него Обвинителството бара мерки на мерки на претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиште, престојувалиште, одземање на патна исправа, повремено јавување кај службено лице и забрана за приближување до девојчето.
Родителите на девојчето се разведени, а неофицијално тоа живеело со татко му.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ