МАСИТ со нови патрон партнерства: Property One Group и TGG за уште поголема поддршка на ИКТ секторот

МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии информира дека склучи патрон партнерство со Property One Group и TGG, со цел да обезбеди дополнителна поддршка за своите членки во процесот на пронаоѓање, дизајнирање и опремување на деловни простори.

„Со оваа соработка, нашата цел е да им овозможиме на компаниите брз и лесен пристап до квалитетни и флексибилни решенија кои директно придонесуваат кон нивниот раст, ефикасност и модерно деловно работење.

Ова партнерство претставува значаен чекор во насока на унапредување на условите за раст и развој на ИКТ секторот, преку обезбедување интегрирани услуги кои ги опфаќаат сите фази – од избор на соодветна локација, преку архитектонско и ентериерно уредување, до целосно опремување на канцелариски простори,” истакнуваат од МАСИТ.

Како дел од оваа соработка, компаниите членки на МАСИТ ќе имаат пристап до ексклузивни поволности, меѓу кои можност за добивање на гратис проект за ентериерен дизајн или избрано парче мебел при уредување на нов деловен простор, 30% попуст за користење coworking простори, идеално за компании во транзит што овозможува непречено работење, флексибилни решенија за мебел за стартапи, со специјални попусти, наменети за поддршка на новите растечки компании

„Преку своите специјализирани сегменти – Property One Real Estate & Development, Property One Office Furniture, Parallel Group Architects и Property One Co-Work – Property One Group нуди комплетно, интегрирано „end-to-end” решение, овозможувајќи им на компаниите да соработуваат со еден координиран партнер во сите фази од процесот, од концепт до финална реализација.

Од аспект на МАСИТ, ова партнерство претставува важен чекор во обезбедување на практична поддршка и додадена вредност за членките, особено во делот на креирање современи и функционални работни средини,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести