Метео-предупредување од УХМР: Попладне обилни дождови, со ветер и грмежи

УХМР предупредува дека денеска ќе има повремени врнежи од дожд кои во попладневните часови локално ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд.

Дневната температура ќе опадне за 8 до 10 степени во однос на вчерашната.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести