Милосим Војнески се повлече од вториот круг за изборите за градоначалник на Македонски Брод, ВМРО-ДПМНЕ доби уште една општина

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Македонски Брод, Милосим Војнески, денеска на Фејсбук информираше дека се повлекува од трката во вториот круг од локалните избори.

Тој требаше да се соочи со кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Жарко Ристевски, кој освои 44,49% од гласовите, а Војнески освои 20,38%.

-ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес.

Сметам дека најдобрата одлука, во интерес на моите сограѓани, е да се повлечам од оваа изборна трка, напиша тој меѓудругото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 32 градоначалници

Во кои 33 општини ќе има втор круг?

Во кои скопски општини ќе има втор круг

Фото: Фејсбук/Војнески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести