На денешното рочиште одбраната на еден од двајцата обвинети поранешни министри за економија, Ваљон Сараќини, кажа дека лиценцата издадена во 2012 година била за друг објект, а не за „Пулс“, каде што се случи трагедијата.
-За нас како одбрана постои само едно едноставно прашање, а тоа е за што е обвинет поранешниот министер за економија кога во 2012 година воопшто не била издадена лиценца за објектот каде 13 години подоцна се случил пожарот.
Во 2012 година во Министерството за економија, врз основа на барање издадена е лиценца за вршење угостителска дејност за кабаре за локација на улица „Димитар Влахов“ бб Кочани, што е сосема различна локација од објектот каде се случува кривичн правниот настан во 2025 година, а тоа е улица „Крижевска“ во Кочани.
Тоа јасно ќе се презентира и од вештачењето, со што ќе се потврди дека се работи за две сосем различни локации и различно правно лице, рече неговиот адвокат Даниел Георгиевски, посочувајќи дека издавањето лиценца е предмет на нови постапки и процедура која се повторува независно секоја година, па дозволата издадена во 2012 година одамна престанала да важи и секоја нова лиценца била предмет на нова постапка.
Според него, ниту време, ниту по место и субјекти постои каква било врска меѓу лиценцата која важела од 2012 до 2013 година и трагичниот настан од 2025 година, 12 години подоцна кога објектот воопшто нема активна лиценца.
Според адвокатката Татијана Поповски Буловски, исто така дел од тимот на Сараќини, издавачот на лиценца – Министерството за економија не испитува исполнетост на материјални услови за добивање лиценца, туку испитува постоење на формални услови, односно дали е поднесена бараната документација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бектеши не потпишал ниту една лиценца за „Пулс“, тврди неговата одбрана
Фото: Игор Бансколиев













