Министерот без ресор, Шабан Салиу, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, кој е еден од осомничените за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица, како поранешен директор Дирекцијата за заштита и спасување, денеска изјави дека не чувствува никаква вина за трагедијата.
Тој рече дека тоа одговорно го тврди со душа и срце.
Посочи дека верува во институциите на системот и во правосудните органи и дека тие правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати посебни моменти од тој случај.
Рече дека максимално ја почитува истрагата и дека се води од општото начело на презумција на невиност.
Тој за случајот првично беше во затворски притвор, а беше пуштен кон крајот на минатиот месец и доби мерки на претпазливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден е во тешка состојба: 12 повредени во пожарот во Кочани се уште на болничко лекување
Фото: Влада