Од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија ја потврдија информацијата дека вчера во Ханиоти, Грција се удавило 19-годишно момче од Македонија, за кои дел од медиумите неофицијално објавија дека е од Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Во Ханиоти се удави 19-годишно момче од Македонија
Од таму информираат дека македонскиот Конзулат во Солун е во комуникација со семејството на момчето за завршување на административните процедури за транспорт на неговото тело, кое моментално се наоѓа во Службата на судска медицина во Солун, за да се изврши обдукција, која треба да ги покаже причините за смртта.
Според грчките медиуми тоа починало од срцев удар по давање.