Македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) очекува извинување од Бугарија за навредливата изјава на бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, кој македонскиот премиер Христијан Мицкоски го нарече „северномакедонски премиер“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР, како што велат од таму, го очекува извинувањето, во насока на зачувување на достоинствената и принципиелна билатерална комуникација.
Од МНР ја осудуваат изјавата на Георгиев и информираат дека денеска на амбасадорот на Бугарија во Македонија, Жељаско Радуков, му бил пренесен официјален протест и му било укажано на несоодветноста на ваквиот јавен дискурс од страна на висок функционер на бугарската влада.
-Таквите изјави, во кои се користи недоличен речник и се омаловажуваат претставници на суверена држава, претставуваат директна повреда на основните принципи на меѓународното право и дипломатската комуникација.
Тие не придонесуваат за унапредување на добрососедските односи и се во спротивност со духот на конструктивен дијалог и заемно почитување што треба да ја води соработката меѓу двете земји, велат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ