Поради влошената безбедносна состојба во Иран, македонското Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика.
Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни.
Како што велат од таму, МНР ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Вознемирувачки видеа) Убиени над 500 лица: Масакар во Иран












