Девојка на возраст од 22 години од Прилеп пријавила во полицијата дека на 16. октомври била фотографирана додека се туширала во студентски дом во подрачјето на скопски Карпош.
Таа забележала телефон над параваните додека се туширала, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, А.М. (22) од Богданци, ѝ кажал дека тој ги направил фотографиите.
Момчето било приведено во полициска станица и му се одземени лап топ и компјутер.