Со мотор усмртен 68-годишен маж од Скопје, возачот во бегство

Маж на возраст од 68 години починал вчера откако бил прегазен со мотоцикл.

Станува збор за Ј.Н. од Скопје, а несреќата, како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје се случила на кејот од реката Вардар, на пешачка патека во близина на улицата „Ленинова“.

Мажот од здобиените повреди починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Возачот на мотоцикл – „кавасаки“ е во бегство.

Во несреќата со повреди се здобил и неговиот сопатник Х.И. (26) од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ми го прегазија татичко свирепо на пешачка зона пред сопствениот прозор“: Се огласи ќерка на прегазениот 68-годишен скопјанец

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести