МПЦ-ОА oснова уште една фирма за бизнис со струја, објави Призма

Призма објави дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) основала заедничка фирма за производство на енергија од обновливи извори со австралиската компанија „Пела глобал лимитед“.

Станува збор за фирмата „Константин енерџи“.

Во 2020 година МПЦ-ОА пак заедно со три физички лица и друштвото „Мелничко-пекарска индустрија Жито Караорман“, ја основаа хидроцентралата „Драгов дол“ од Кичево.

Директор на новата фирма е Aвстралиецот со македонско потекло, Николче Јовановски, кој е еден од директорите на „Пела глобал лимитед“, фирма која работи на проекти за рударство и обновлива енергија низ Југоисточна Европа, пишува Призма.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести