Националната телевизија Македонската радио-телевизија (МРТ) е во фокусот на јавноста, откако вчера поради “сериозен технички проблем“, како што велат денеска од таму, не се емитуваа дневниците во 17, 19:30 и во 22:30 часот.
Од таму велат и дека се вршела проверка дали станувало збор за намерен упад во мрежниот систем, “поради постоечките сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија“, а во расвлетувањето на случајот ќе биле вклучени сите надлежни државни институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ