Како што веќе објави еМагазин, друштвото за трговија и услуги Промет стеел холдинг ДОО Скопје влегува во Македонијатурист АД Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Промет стеел холдинг“ влегува во „Македонијатурист“ преку „МГФ Инвестмент“
Истото влегува преку друштвото за услуги МГФ Инвестмент ДООЕЛ Скопје, акционер во Македонијатурист, преку стекнување единствена контрола над него по пат на купопродажба на удел.
Во сопственост на Македонијатурист се хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн “Турист”, “Карпош„, “Белви”, хотелите „Бристол“ и „Јадран“, кои моментално се на продажба, како и хотелите “Водно“, и „Сарај“, кои не работат.
Друштвото од неодамна го презеде и хотелот “Русија“, а е и сопственик на друг недвижен имот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков капацитет има хотелот Русија, со кој ќе стопанисува Македонијатурист
Која е Промет стеел холдинг
Приоритетна дејност на Промет стеел холдинг е трговија на големо со дрва, градежни материјали и санитарна опрема.
Станува збор за холдинг компанија која има три подружници во различни сектори (вадење на декоративен камен и камен за градежништвото, варовник, суров гипс, креда и шкрилци, трговија на големо со дрва, градежен материјал и санитарна опрема и управувачки дејности).
Има и две ќерќи фирми – друштво за транспорт трговија и услуги Стеел транс ДООЕЛ увоз-извоз
Скопје, со седиште во Сарај, за товарен патен транспорт и друштвото за производство, трговија и услуги Стил контрол ДООЕЛ Скопје, со седиште во Визбегово, Општина Бутел, која е регистрирана за други специјализирани градежни работи.
Сопственик е Абедин Алиу од Сарај. Истата е основана во 2016 година, објави пред извесно време Истражувачката репортерска лабараторија ИРЛ, која објави и дека во сопственост на Промет стеел холдинг е и ресторанот „Актива“ во скопско Визбегово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зоран Антиќ со една фирма излезе, со друга влезе во Македонијатурист
МГФ Инвестмент пак е основано во 2025 година со регистрирана дејност – останати услужни дејности и се уште нема остварено деловна активност. Истата е основана од МГ Фешн ДОО увоз-извоз Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Поливерзум„ стана најголем акционер во “Македонијатурист“
Промедика излезе од Македонијатурист, не поседува повеќе акции таму
Ќе го купи ли државата хотелот “Јадран“ во Скопје?
Фото: Игор Бансколиев














