„Поливерзум„ стана најголем акционер во “Македонијатурист“

Во Македонијатурист АД Скопје има драстична промена во акционерската структура. Друштвото има нов најголем акционер.

Имено, како што информираа од таму преку Македонската берза, Друштвото за производство, трговија и услуги, Поливерзум ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, кое беше акционер под 5%, се стекнало со дополнителни 93.317 обични акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се акционерите кои ќе одлучуваат за продажбата на хотелите “Бристол“ и „Јадран“

Сега поседува вкупно 100.960 обични акции или 22,32% од вкупниот број на обични акции издадени
од Македонијатурист.

Досега најголем акционер беше Скопски пазар АД Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков капацитет има хотелот Русија, со кој ќе стопанисува Македонијатурист

Ќе го купи ли државата хотелот “Јадран“ во Скопје?

Хотелите “Јадран“ и “Бристол“ и официјално одат на продажба

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести