Палењето на автомобилите на бугарската Амбасада е во фокусот на јавноста, а осомничениот И.Д. (44), го призна кривичното дело, заработи кривична пријава за предизвикување општа опасност и заврши во притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
8-дневен притвор за осомничениот за палењето на автомобилте на бугарската Амбасада
За него откако ќе заврши распитот, во кој се проверува и со кој комуницирал периодов, ќе има и обвинение и судење по брза постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се проверува со кој комуницирал осомничениот за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада
Неговата адвокатка по службена должност Лидија Ристовска за весникот Вечер откри дека тој поседува лекарска документација за влошена психичка состојба, а и дека имал доживеано и сообраќајна несреќа.
„Според ова веројатно дека ќе се побара психијатриско вештачење за осомничениот“, вели таа за Вечер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Веста за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада во Скопје го обиколи регионот
Фото: бугарска Амбасада













