Кои се акционерите кои ќе одлучуваат за продажбата на хотелите “Бристол“ и „Јадран“

Македонијатурист АД Скопје, како што веќе пишуваше еМагазин, е во фокусот, откако Друштвото соопшти дека планира да продава свој недвижен имот, меѓу кои и хотелите „Бристол“ и “Јадран„ и ресторанот “Пивница“.

За продажбата на недвижниот имот ќе одлучуваат акционерите на престојното Собрание на акционери, кое ќе се одржи на 22. мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонијатурист ги продава хотелите „Бристол„ и „Јадран“ и друг недвижен имот

Освен за продажба на имот, тие ќе одлучуваат и за купување недвижен имот во скопско Ново Лисиче, Општина Кисела Вода, вреден 17.700.000 евра. Вредноста на зделката претставува 28.21% од сметководствената вредност на имотот на Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонијатурист освен продажба на хотелите „Бристол“ и “Јадран„, планира да купи и имот во скопско Лисиче вреден 17.7 милиони евра

Во сопственост на Македонијатурист се и хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн “Турист”, “Карпош„, “Белви”, кои работат, како и хотелите “Водно“, и „Сарај“, кои не работат. Друштвото поседува и друг недвижен имот во Скопје, од кој дел го дава под закуп.

Кои се најголемите акционери

Според податоци од Друштвото заклучно со 31. декември лани, најголем акционер е Скопски пазар АД Скопје, кој поседува 19,90% од вкупниот број на акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Антиќ со една фирма излезе, со друга влезе во Македонијатурист

Други акционери со над 5% од вкупниот број на акции се и МГФ Инвестмент ДООЕЛ Скопје, која поседува 15,53%, Промедика ДОО Скопје, која поседува 11,91%, Јусуф Камбер, кој поседува 10,76%, Македонијатурист поседува 10% сопствени акции, како и Современ дом АД Прилеп, кој поседува 5,09% од вкупниот број на акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марковски, Поповски и Бошков поднесоа оставки од Надзорниот одбор на Македонијатурист

Ацо Дудулоски нов претседател на Управниот одбор на Македонијатурист

Кој е Ацо Дудулоски, новиот претседател на УО на Македонијатурист

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести