Македонијатурист ги продава хотелите „Бристол„ и „Јадран“ и друг недвижен имот

На престојното Собрание на акционери на Македонијатурист АД Скопје, една од предлог одлуките е и продажба на недвижен имот на Друштвото, соопштија од таму преку Македонската берза.

Македонијатурист е сопственик на хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн “Турист”, “Карпош„, “Белви”, сите во Скопје, како и на објектите кои не работат – хотелите “Водно“, “Бристол“, „Јадран„, „Сарај“ и ресторанот “Пивница“, исто така во Скопје, како и на друг недвижен имот.

Според предлог одлуката на продажба одат хотелите „Бристол“ и “Јадран“ кои не работат со години, како и друг недвижен имот во Скопје, меѓу кои и ресторанот „Пивница„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонијатурист освен продажба на хотелите „Бристол“ и “Јадран„, планира да купи и имот во скопско Лисиче вреден 17.7 милиони евра

-Купопродажната цена на недвижниот имот не смее да биде пониска од вредноста на недвижниот имот утврдена од страна на овластен проценител, стои во предлог одлуката.

Управниот одбор треба подетално да ги одреди условите за продажба, стои исто така во предлог одлуката.

Оваа е имотот на Друштвото за кој се предлага продажба:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марковски, Поповски и Бошков поднесоа оставки од Надзорниот одбор на Македонијатурист

Ацо Дудулоски нов претседател на Управниот одбор на Македонијатурист

Кој е Ацо Дудулоски, новиот претседател на УО на Македонијатурист

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести