Марковски, Поповски и Бошков поднесоа оставки од Надзорниот одбор на Македонијатурист

Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа за смени во Надзорниот одбор (НО) на Друштвото.

Неотповикливи оставки поднеле Горан Марковски, кој беше претседател на НО и независен член, Горазд Поповски, кој беше независен член, како и Сашко Бошков, член.

Оставките се поднесени на 20. април.

Член на НО на Друштвото од 17. февруари лани беше и Олга Павлова, која поднесе оставка на 20. октомври лани.

Македонијатурист е сопственик на хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн “Турист”, “Карпош„, “Белви”, сите во Скопје, како и на објектите кои не работат – хотелите “Водно“, “Бристол“, „Јадран„, „Сарај“ и ресторанот “Пивница“, исто така во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонијатурист лани со зголемена добивка

М.Г. Фешн излегува од Македонијатурист

Ацо Дудулоски нов претседател на Управниот одбор на Македонијатурист

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести