Примирјето помеѓу САД и Иран, кое истече денеска, е продолжено.
Информацијата ја соопшти американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи, а одлуката ја донел на барање на Пакистан, каде неодамна започнаа мировните преговори помеѓу двете земји, кои завршија неуспешно.
Тој вели и дека одлучил да го продолжи примирјето додека „Иран не претстави предлог за ставање крај на конфликтот“.
Блокадата од САД на иранските пристаништа пак останува, а Трамп и наредил на војската да остане подготвена.
Преговорите помеѓу двете земји, како што пренесуваат светските агенции, моментално се заглавени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД заплени ирански брод, Трамп пак се заканува со напади на клучната инфраструктура
Иран повторно го затвори Ормускиот теснец
Зошто е значаен Ормутскиот теснец
Фото: еМагазин













