Пријавувањето за „Прв до врв“ е до 10. мај

На 17. мај 2026, Водно ќе ги обедини љубителите на спортот и природата со 14. издание на најмасовниот планински настан во земјата, Sparkasse Life ПРВ ДО ВРВ.

Ова е повик до сите рекреативци, професионалци, семејства, компании и пријатели да станат дел од настан кој не е само трка, туку искуство што се памети и ги обединува љубителите на планината и спортот во пет натпреварувачки категории кои водат до врвот на Водно: планинско трчање (4,5 км), планински велосипедизам (9 км), друмски велосипедизам (11,4 км), E-Bike (9 км), тим-билдинг трка за компании: Summit Run (4,5 км).

Без разлика дали учесниците се натпреваруваат или учествуваат рекреативно, целта е иста: да се стигне до врвот и да се биде дел од најмасовното искачување на Водно и енергијата што секоја година ја создаваат илјадници учесници.

Трките во велосипедизам ќе започнат во 9:45 часот од Музејот на град Скопје со летечки старт пред ОУ „Кочо Рацин“, додека планинското трчање и тим-билдинг трката ќе стартуваат директно пред училиштето во 10:00 часот.

Патеките вклучуваат контролни точки кај полицијата, Средно Водно и пред целната линија на врвот.

Секој учесник што ќе ја заврши трката ќе добие финишер медал, додека за најдобрите се предвидени одличја во сите старосни категории, во машка и женска конкуренција.

Шпаркасе Банка, како главен поддржувач, повторно обезбедува награден фонд од 1.000 евра за поставување нови рекорди. Дополнително, на настанот ќе биде поставен и „лаунџ корнер“ со изненадувања, награди и активности, кои ќе го збогатат целокупното искуство за сите учесници и посетители.

На врвот е предвиден пикник, храна, пијалаци, диџеј и настап на бенд во живо, како и дружење и атмосфера што го претвора искачувањето во вистинска прослава. По забавната програма ќе се одржи церемонија за прогласување на победниците.

Крајниот рок за пријавување е 10 мај. Пријавувањето се одвива преку веб-страницата prvdovrv.mk.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести