Колку пасоши има Груевски?

По најавената екстрадиција на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од Унгарија од страна на идниот унгарски премиер Петер Маѓар, се отвори прашањето и за тоа дали тој поседува и унгарско државјанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барањето за екстрадиција на Груевски е истечено, не го бара ни Интерпол

Според Фокус, кој се повикува на извори од земјата и странство, тој веќе неколку години имал и унгарско државјанство.

Официјална потврда за тоа нема, а доколку е точна информацијата, тоа може дополнително да ја усложни неговата екстрадиција, бидејќи ретко која држава екстрадира свои државјани.

Како што пишува Фокус, според унгарската регулатива за доделување на унгарско државјанство, меѓу друго, потребен е престој од најчесто 8 години, а овој период може да биде пократок во одредени случаи.

Груевски избега од Македонија во ноември 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како избега Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Во случај на политички азил и слични специјални прилики овој рок е најкраток и е поставен на 3 години, а унгарските надлежни органи одлучуваат дискреционо.

Политичкиот азил и статус на бегалец на Груевски му овозможува легален престој и заштита од екстрадиција, додека истиот не се ревидира и укине.

Според опозициската СДСМ пак Груевски освен унгарски, имал и српски пасош.

Груевски засега нема реагирано на бројните медиумски натписи по најавата за негова екстрадиција. Обично досега коментираше и реагираше на бројни натписи во медиумите на неговиот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предистрагата за бегството на Груевски затворена, остана мистерија кој му помогна во Македонија да избега

Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Груевски има и фирма во Унгарија

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести