Софтверски инженер Иван Ивановски од Кочани, доби согласност од Комисијата за хартии од вредност да стекне квалификувано учество во Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Иново статус АД Скопје, информираа од таму.
Ивановски ќе се стекне со 297.654 обични акции со право на глас, односно 100% од акциите, со вкупна вредност од 160.000 евра.
Трансакцијата за стекнување на акциите треба да се изврши во рок од 90 календарски дена од денот на добивање на согласноста од Комисијата.
Иново статус во Македонија работи од 2007 година. Мнозински сопственик со квалификувано учество е ЕЈ СИ ЕМ Консулт ДОО Софија Бугарија.
Фото: Унсплеш













