Барањето за екстрадиција на Груевски е истечено, не го бара ни Интерпол

Унгарскиот медиум „Телекс“ објави дека барањето за екстрадиција на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој избега во Унгарија, каде стана политички азилат е истечено, а истото како што е познато не е обновено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пати Македонија барала екстрадиција на Груевски

Како што објави неодамна македонското Министерство за правда за него екстрадиција е побрана во ноември 2018 година, неколку дена откако побегна, а барањето било надополнето следната година.

Според „Телекс“ за Груевски, за кого македонските власти распишаа меѓународна потерница, моментално нема ни активна потерница од Интерпол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како избега Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Меѓународниот правник Тамаш Хофман, предавач на Универзитетот „Корвинус“, за медиумот вели дека дури и во случај на одземање на неговиот азил, Груевски нема автоматски да биде предаден на македонските органи.

Според него Унгарија нема законска основа да го притвори и екстрадира без валидно барање од македонската влада или меѓународна потерница.

Доколку пак остане без заштитата на азилот, Груевски како граѓанин на земја која не е членка на Европската унија (ЕУ) ќе мора да обезбеди друга законска основа за престој, како шенген виза, или во спротивно ќе биде принуден да ја напушти територијата на ЕУ, посочува тој.

Според Хофман доколку се утврди дека првичната проценка за политички прогон била погрешна и дека станува збор за обични кривични постапки, унгарските власти можат да го повлечат азилот, а таа административна одлука можела да биде донесе релативно брзо, по што би следувала судска жалбена постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има ли Груевски унгарско државјанство?

Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Груевски има и фирма во Унгарија

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести