Колкава плата имал директорот на Макошпед лани

Макошпед АД Скопје во годишниот извештај за работењето лани објавен преку Македонската берза, меѓу друго ја објави и платата на генералниот директор, податок кој го објавуваат многу мал број од друштвата кои котираат на Берзата.

На генералниот директор Стефан Станкоски по основ на менаџерски договор му бил исплатен бруто годишен износ од 1.279.561 денари.

На неизвршните членови на Одборот на директори (ОД) пак како надомест за учество во органите на управување им бил исплатен бруто износ од 240.012 денари.

Во ОД се и Гоце Димитриоски, Никола Лазаров, кои се неизвршни членови и Марија Каранфиловиќ, која е извршен член.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макошпед транс се спои со Макошпед

Како работел Макошпед лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести