Од Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје преку Македонската берза информираа за промени во Одборот на директори (ОД).
Маја Парнарџиева-Змејкова и Дијана Делимитова се именувани за независни, неизвршни членови на ОД.
Во Одборот повеќе не се досегашните независни, неизвршни членови – Гоцков Ѓорѓи и Ирена
Николовска.














