Макошпед АД Скопје лани остварил добивка од 4.319 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 3.556 илјади денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, информираа од таму преку Македонската берза.
-Остварените вкупни приходи изнесуваат 36.571 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2024 година бележат намалување.
Оперативните приходи изнесуваат 27.349 илјади денари и бележат зголемување во однос на оперативните приходи за истиот период 2024 година.
Финансиските приходи изнесуваат 9.222 илјади денари и бележат намалување во однос на 2024 година.
Вкупните расходи во износ од 31.570 илјади денари бележат зголемување во однос на вкупните расходи за истиот период 2024 година.
Оперативните расходи изнесуваат 31.359 илјади денари и бележат зголемување во однос на истиот период 2024 година.
Финансиските расходи изнесуваат 211 илјади денари и бележат зголемување во однос на финансиските расходи за истиот период 2024 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макошпед ставен на “Листата за набљудување“ на Берзата, поради присоединувањето со Макошпед транс
Макошпед транс се присоединува со Макошпед














