Адинг АД Скопје лани остварил вкупен приход од 675.254 илјади денари, кој е поголем од тој во претходната година за 88.364 илјади денари, односно има зголемување за 15,1%, соопштија од таму преку Македонската берза.
-Во структурата на приходите најголем удел имаат приходите од продажба во износ од 664.607 илјади денари или 98,4% од вкупниот приход, од кои 64,6% се приходи од продажба на домашен пазар и 35,4% приходи од продажба на странски пазар.
Извозот е реализиран во подолунаведените региони, а нивното учество во вкупниот извоз е: Србија, 46,3%, Бугарија, 25,7%, Црна Гора, 9,3%, Украина, 5,4%, Косово, 5,1%, Босна и Херцеговина, 5%, Хонг Конг, 2,3% и останати 0,9%.
На крајот на овој период, остварен е позитивен финансиски резултат, односно добивка пред оданочување во износ од 83.469 илјади денари, која е поголема за 4,5% во однос на минатогодишната добивка, која изнесуваше 79.868 илјади денари.
Добивката пред оданочување во износ од 83.469 илјади денари е за 101,9% поголема од планираната во износ од 41.333 илјади денари.
Добивката по оданочување во износ од 77.174 илјади денари, е поголема за 6,4%, во однос на минатогодишната добивка, која изнесуваше 72.501 илјади денари.
Во истиот период, остварени се вкупни расходи во износ од 603.989 илјади денари што претставува зголемување во однос на минатогодишните за 85.893 илјади денари, односно за 16,6%, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По колку акции поседуваат членовите на УО и НО на Адинг
Реизбрани членовите на Управниот одбор на Адинг
Фото: Адинг














