Од Триглав Осигурување АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Војдан Јорданов, поднел оставка од функцијата член на Одбор на директори и извршен директор на Триглав Осигурување.
-Дополнително, известуваме дека и Дарко Поповски, поднесе оставка од функцијата неизвршен член на Одборот на директори.
Одборот на директори на Триглав Осигурување продолжува со својата работа со оптимизиран број на членови, со што се создаваат услови за поголема флексибилност при одлучување и побрзо прилагодување на Друштвото кон пазарните и деловните предизвици.
Оставките на Војдан Јорданов и Дарко Поповски се со важност од 27.02.2026 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Триглав осигурување продаде 20.000 акции во Триглав осигурување живот














