Уште нема обвинение за Груби за случајот со Државна лотарија

На барање на Основното јавно обвинителство, Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи куќниот притвор на поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби.

Тој останува и под 24-часовно обезбедување во неговиот дом во скопски Чаир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се гони Артан Груби

Како што е познато тој заедно со поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој се уште е во бегство, се гони за злоупотреба на 8 милиони евра за набавка на ВЛТ апарати во Лотарија.

И по неговото враќање во Македонија, откако избега пред повеќе од 16 месеци, истрагата за овој случај не е завршена и се уште нема обвинение за него. Засега останува нејасно дали тоа ќе се случи, а за случајот тој се уште не дал ни исказ во Обвинителството, оти неговата одбрана ја разгледувала документацијата.

Груби беше во бегство 14 месеци, а се врати во земјава во февруари годинава, по што беше уапсен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До каде е предметот за Груби за неговото ставање на „црната листа“ на САД?

Тој избега од земјава кога беше отворен случајот, а неколку денови пред тоа САД, заедно со судијата Енвер Беџети, го стави на т.н. црна листа на САД, поради тоа што примиле мито за да влијаат врз судските процеси поврзани со поранешниот директорот на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

За тој случај истрагата е завршена. Засега е нејасно и во овој случај што ќе следи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку полицајци го чуваат Артан Груби

Каков имот пријавил Артан ГрубиКолку полицајци го чуваат Артан Груби

Објавено и видео од апсењето на Груби

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести