На четири повредени се зголеми бројот на работници при денешното лизгање на земјиште при изградба на зграда во скопска Кисела Вода.
Еден работник пак загина.
Работниците беа затрупани по лизгање на насип од земја, и се пренесени на Ургентниот центар на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување – ТОАРИЛУЦ.
Тројца од нив се со полесни повреди, а едниот има скршеници на двете потколеници и едната натколеница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден работник загина, а тројца се повредени на градилиштето во Кисела Вода: Детали од МВР














